Ѓуроски една година во дресот на Аликанте

фото: kfsm.mk

И од денеска и официјално Стојан Ѓуроски ги стартуваше подготовките со својата нова екипа кои се одвиваат веќе десетина дена. Односно ги истрча првите километри во новата сино-бела „униформа“ на шпанскиот второлигаш ХЛА Аликанте.

Македонскиот репрезентивец успешно ги помина лекарските прегледи и му се приклучи на новиот тим. Во наредната сезона ќе игра во Шпанија, со ХЛА Аликанте се обврза на едногодишна соработка.

По нешто подолга пауза, која ја предизвика појавата на коронавирусот, репрезентативното крило за време на викендот пристигна во Шпанија.

Во изминатите два дена гостиварецот успешно ги помина медицинските како и задолжителните тестирања за Ковид-19.

За играл ова претставува своевидно враќање на Пиринејскиот Полуостров, каде што претходно играше за екипите на Хуеска и Мелилја, екипи кои исто така се дел од ЛЕБ Голд лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот