Гурмански викенд: Домашен кремаст бурек со павлака, праз и месо – супер рецепт за вечера или за ужина на работа

Фото: Принтскрин / Youtube

Неделите се совршени бидејќи имаме повеќе слободно време да поминеме со семејството, а притоа и да ги изненадиме со некој вкусен рецепт. Познати сме како уживатели на бурек, но ајде овој пат да подготвиме нешто што е инспирано од традиционалниот рецепт, но со побогат и поинтензивен вкус.

СОСТОЈКИ:
– 4 јајца
– 250 г мелено месо
– 1 праз
– 160 г павлака
– 6 лажици гриз
– 6 лажици брашно
– прашок за печиво
– 50 мл масло
– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:
Празот исечкајте го на кругови и пропржете го на маслото. Додајте го меленото месо, зачинете и пржете додека испари водата. Потоа оставете да се излади.
Јајцата изматете ги, додајте им го брашното измешано со гризот и прашокот за печиво. Во тоа додајте го меленото месо, павлаката и добро измешајте. Смесата префрлете ја во плех и печете половина час на 200 степени.

Почекајте малку да се излади, апотоа може да сервирате. Оставете и некое парче за утрешниот работен ден како совршена ужинка.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот