Постер за концертот на „Баклава“ во Белград

Групата „Баклава“ ќе одржи солистички концерт во македонскиот КИЦ во Белград

Македонскиот КИЦ во Белград на 2 јуни ќе биде домаќин на концерт на една од најпознатите и најатрактивни музички формации, која го негува како македонскиот, така и фолклорот скоро на сите народи во регионот и оттука се здобива со статус на одлично прифатена и популарна музичка група ширум државите од целиот регион.

Посебна популарност „Баклава“ стекнуваат со обработка на традиционални македонски теми, кои ќе доминираат на концертот во Белград, кој ќе почне во 20 часот и 20 минути.

На концертот во Белград, тие ќе настапат во состав: Елена Христова (вокал), Владимир Стојчевски (бас гитара), Влатко Пате (перкусии), Хилми Баки (виолина), Анел Селим (кларинет) и Дени Крстев (инженер на звук), а нив пред белградската публика ќе ги претстави директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

Групата има пет музички изданија, претежно авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови. Нивниот прв албум е концертен, а „Калемар“ е нивниот прв студиски албум, создаден од композиции од самите членови.

На третиот албум „Многу ми недостигаш“ сведочиме на мелодијата од различни народи, култури и религии. „Четворката“ е нивниот најличен албум, кој излезе првпат и на винил.

Петтиот албум „За Скопје со љубов“ излезе на ЦД и винил во 2023 година, под брендот на издавачот „CPL Music“. Со музиката, истражувачкото љубопитство и вокалната интерпретација на Елена Христова, тие успеваат да ги спојат традиционалните со модерни звуци од целиот свет.

„Баклава“ имаат настапувано во Унгарија, Хрватска, Данска, Шпанија, Франција, Германија, Чешка, Белгија, Романија, Турција, Италија, Словенија, Грција, а во Белград, каде настапуваат со солистички концерт вечерва, последниот настап го имале како предгрупа на концертот на Билјана Крстиќ во „Сава Центар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот