Тетово Болница/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Ѓуриќ

Група од 20 луѓе нападнала две момчиња во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава за настанот кој се случил завчера, во кој двајца тинејџери пријавиле дека биле нападнати од група од 20 луѓе.

„Нешто пред полноќ, во СВР Тетово М.М. (18) од Тетово пријавил дека околу 23 часот, додека со својот другар Л.Ф. (18) се движеле пеш по улицата „Ленин“, во близина на мостот на реката Пена, биле физички нападнати. Според пријавеното, тие забележале група од околу дваесетина млади лица кои цртале графити, а едно од нив им се обратило со провокативни зборови на национална основа. Набрзо потоа, групата ги опколила, при што едно маскирано лице физички го нападнало М.М., додека друго лице го нападнало неговиот другар. Пријавувачот идентификувал едно од лицата од групата, кој е Л.Џ. од Тетово“, велат од полицијата.

ВИДЕО | „Легнувај на земја!“ — дузина полицајци апсеа дрзок Холанѓанец кој наводно носел пиштол кај „Силбо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот