Груевски побара извинување од Дескоска: Да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Откако министерката за правда Рената Дескоска денес во емисија на ТВ21 кажа дека во минатото Груевски и фамилијата преземале фирми и станувале сопственици, на Фејсбук реагираше поранешниот премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој доби азил во Унгарија.

Тој на Фејсбук побара од Дескоска да каже барем една фирма која ја преземал со изнуда.

– По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една. Ако има таква. И да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува. Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини – напиша Груевски на Фејсбук.

Во прилог, целата Фејсбук-објава на екс-премиерот Никола Груевски.

По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда…

Publiée par Nikola Gruevski sur Samedi 14 décembre 2019

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот