Артан Груби-Али Ахмети/ФОТО Фејзбук

Груби: Нека ме видат моите деца, за мене зборот на Али Ахмети е последен

На средба со партиските членови и симпатизери во Гостивар, раководството на ДУИ, вклучувајќи го лидерот на партијата Али Ахмети, имаа пофални зборови за вицепремиерот Артан Груби, кој е главниот „камен на сопнување“ меѓу Ахмети и т.н. „огнена група“ незадоволни бивши и сегашни функционери од партијата.

Ахмети рече дека е задоволен од кадрите на ДУИ во Владата, за кои вели дека странските претставници кажувале дека се „огледало на државата и на Владата“, пренесе „ТВ21“.

„Јас се радувам и сум горд кога слушам и ми велат странците од Брисел и Вашингтон дека тие се огледало на државата, Владата и тоа ме облагородува, ме прави среќен и неуморен да продолжиме да чекориме напред. Во овие моменти кога зборуваме, Бујар Османи се враќа од Украина. Тој е министер за надворешни работи на речиси половина земјина топка, што значи дека сме успеале и тие инвестирања што сме ги направиле не се залудни“, рече Ахмети.

На прашањето од присутните дали би се повлекол заради единството во партијата, Артан Груби рече дека ова прашање за него е многу лесно.

„Имаме само еден мисионер во нашата земја и застанавме зад овој мисионер и за мене нема двојни стандарди. Еве сме, нека ме видат моите деца, за мене зборот на Али Ахмети е последен“, рече Груби.

Паралелно со Ахмети и раководството, средби со граѓаните деновиве одржуваат и членовите на „огнената група“. Тие вечерва во Скопје одржаа средба со скопскиот подмладок на партијата, а на собирот во Македонскиот народен театар зборуваше Изет Меџити. Подоцна, во изјава за медиумите, тој рече дека влегувањето на Алијанса за Албанците во Владата „би било за спас на Артан Груби“.

„Непотребни се некои движења деновиве што се случуваат бидејќи има стабилно мнозинство и сѐ друго е во функција да се спаси Артан Груби. Нема ништо заедничко со интересите на граѓаните, со интегративниот процес, со уставните промени, туку сево ова е акробација во функција да се спаси, зборувам за делот на ДУИ нелегитимен кај народот“, рече Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот