Фото Колаж Слободен печат / Валентина Живковиќ
Убиениот Климе Митрески и осомничениот убиец Жарко Грозданоски / Фото: колаж / Слободен печат / социјални мрежи

Убиецот го удирал и со голи раце го задавил охриѓанецот Митрески, открива полицијата

Полицијата откри детали за убиството на 76-годишниот охриѓанец Климе Митрески, информирајќи дека поднела кривична пријава против Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница, кој е осомничен дека го убил пензионерот.

-Тој,  на 25.03.2026 година околу 18.30 часот, во домот на К.М.(76) од Охрид, предизвикал вербална расправија по што, искористувајќи згодна прилика, физички го нападнал, а потоа со раце предизвикал негово задушување. СВР Охрид, по преземени мерки и координација со МВР и јавниот обвинител, вчера (27.03.2026) распиша централна потерница по што, во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово го пронајдоа сторителот и го лишија од слобода – велат од СВР Охрид.

Убиство во Охрид – жртвата е пензионер, осомничениот убиец е уапсен на другиот крај од земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот