Грковска загрижена за укинувањето на пресудата за Мијалков: Апелација детално да ја образложи одлуката

Славица Грковска
Фото: Влада на РСМ

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска изрази голема загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд со која ја укина првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“ и го врати предметот на повторно постапување. Таа го повика второстепениот суд детално да ја образложи оваа одлука.

-Со голема доза на загриженост ја примив информацијата дека Апелациониот суд ја укинал првостепената пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, во кој, преку злоупотреба на службена положба, масовно беа прислушувани илјадници наши граѓани – напиша на Фејсбук вицепремиерката.

Таа како што вели, уште позагрижувачки се информациите дека, поради неажурното одлучување на судиите, можно е застарување на делото кое значи повреда на основните уставно загарантирани човекови права.

Апелациониот суд има обврска пред граѓаните, транспарентно и детално да ја образложи оваа одлука, за која има сомнеж дека не оди во правец на владеење на правото и еднаквост пред законот. Во повеќе наврати кажав и сакам да повторам дека независноста на правосудниот систем не значи немање никаква одговорност. Го повикувам Апелациониот суд во името на правдата и во името на одговорноста пред граѓаните да ги соопштат причините за оваа одлука – вели Грковска.

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека ја укинал првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“, со која поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, беше осуден на 12 години затворска казна и го вратил предметот на повторно судење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот