фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид ја совлада Бурса и ќе игра во финалето на Струшкиот ракометен турнир

Денеска во својот втор натпревар на меѓународниот ракометен турнир Струга, екипата на Охрид со 38:28 го совлада турскиот тим на Бурса.

Претходно на отворањето на струшкиот турнир, играчите предводени од тренерот Борис Ројевиќ славеа и против домаќинот Струга со 31:23.

Така, со овие две победи ГРК Охрид на игралиштето „Горан Попоски – Бабец“ обезбеди пласман во големото финале на турнирот.

Противник на тимот на Ројевиќ ќе биде Тиквеш или Бутел, а овие две екипи ќе играат в петок со почеток од 20.40 часот.

Тиквеш стартуваше со победа од 24:20 против Раднички Крагуевац, а претходно српскиот претставник ремизираше со Бутел (32:32).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот