Грета Тунберг доби награда за хуманост

Profimedia
Profimedia

Претседателот на жирито, Хорхе Сампајо, кажа дека мнозинството членови на жирито гласале за Тунберг.

Грета Тунберг ја доби наградата за хуманост на португалската Фондација Гукбенкијан, а со неа и награда од милион евра, јави ДПА .

Шведската еколошка активистка (17 ) ја доби наградата за нејзината борба против климатските промени и еколошките кризи, се наведува во денешното соопштение на фондацијата.

Тунберг својата благодарност ја изрази на Твитер. „Ова многу ми значи, и се надевам дека ќе ми помогне да направам повеќе добрини во светот”, наведе таа во видеото објавено на нејзиниот налог на социјалната мрежа, пренесе германската агенција.

Активистката, која е прва која ја прима оваа награда, беше избрана меѓу 136 номинирани од 43 земји.

Претседателот на жирито, Хорхе Сампајо, кажа дека мнозинството членови на жирито гласале за Тунберг.

Тој го истакна „ начинот на кој Грета Тунберг успеа да ги мобилизира помладите генерации за климатската кауза, како и нејзината решителна борба за промена на статус кво-то што тврдоглаво се спротивставува на промените, што ја прави една од најнеобичните личности на денешнината”.

Тунберг рече дека паричната награда ќе биде донирана преку Фондацијата Тунберг на организации и проекти што работат за борба против климатските промени и еколошката деградација, особено на југот, каде луѓето се најмногу погодени, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот