Грција го отповика амбасадорот во Азербејџан: Нѐ обвинуваат дека толерираме подготовка на терористички напади

Архива на СП

Министерството за надворешни работи на Грција денеска објави денеска дека го отповикува својот амбасадор од Азербејџан поради „целосно неосновани и навредливи наводи“ на азербајџанската влада дека Атина толерира подготовка на терористички напади, објави Бета.

Министерството рече дека грчкиот амбасадор е „повикан во Атина на консултации“.

Во соопштението се наведува дека азербејџанската влада тврди дека „Грција толерира подготовка на терористички акти, обиди за регрутирање на терористички борци и кибер напади врз Азербејџан“ поради неговиот судир со Ерменија околу сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах.

Министерството соопшти во вторникот дека поради тоа испратило протест до амбасадорот на Азербејџан во Грција.
Азербејџанското министерство за надворешни работи на почетокот на октормври пренесе извештаи од медиумите и други информации за кои рече дека укажуваат на тоа дека „илјадници етнички Ерменци“ од неколку земји, вклучувајќи ја и Грција одат кон Нагорно Карабах.
(Бета)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот