Фото: Pixabay

Грција го одложи правилото — новиот комплет за прва помош задолжителен од 2027 година, а еве што точно треба да содржи

Возачите кои патуваат во Грција ќе имаат повеќе време да се подготват за новото правило за специфичен, задолжителен комплет за прва помош во возилата. Наместо од 18 јуни годинава, мерката ќе почне да се применува од 1 јануари догодина.

Одложувањето е објавено во грчкиот Службен весник, каде што се наведува дека рокот се поместува заради полесно приспособување на пазарот, сопствениците на возила и возачите.

Според првичната одлука, обврската се однесува на автомобилите и за товарните и други возила, освен за мотоциклите. Возачите ќе треба да поседуваат нов тип комплет за прва помош, изработен според стандардот DIN 13164:2022 или еквивалентен ISO стандард.

Комплетот треба да содржи 16 предмети:

  1. изотермална спасувачка прекривка
  2. леплива лента за фиксирање
  3. сет самолепливи фластери во различни големини
  4. стерилен индивидуален завој, мал
  5. стерилен индивидуален завој, среден
  6. стерилен индивидуален завој, голем
  7. стерилна газа или преврска за изгореници
  8. компреси за рани
  9. еластичен завој, тесен
  10. еластичен завој, широк
  11. триаголен завој за имобилизација или потпора
  12. ножици за прва помош
  13. медицински ракавици за еднократна употреба
  14. влажни марамчиња за чистење кожа
  15. медицински маски за лице
  16. упатство за прва помош со илустрации

Материјалите во комплетот треба да бидат во рок на употреба, во добра состојба и со соодветна ознака. Пакувањето треба да биде отпорно на прашина, масла и влага.

За возачите кои нема да го поседуваат пропишаниот комплет е предвидена казна од 30 евра.

Со ова, старите комплети за прва помош што многумина ги чуваат во автомобил „колку да ги има“ веќе нема да бидат доволни доколку не ја содржат пропишаната опрема. За македонските граѓани кои често патуваат во Грција, особено во летниот период, најважно е правилото да го имаат предвид навреме, иако неговата примена официјално почнува од 1 јануари 2027 година.

Грција воведува строги мерки за туризмот — се ограничува сместувањето, ќе се „затвораат“ острови

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот