Грчко МНР: Инсистирањето на Турција да ја извитоперува историјата е несоодветно за модерна држава

Фото: МИА

Инсистирањето на Турција да ја извитоперува историјата не е соодветно за една модерна држава, вели портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас, одговарајќи на прашање од новинарите во однос на вчерашните изјави на портпаролот на турското МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

– Инсистирањето на Турција да ја извитоперува историјата не е соодветно за една модерна држава. Ја повикуваме да размисли за историските одговорности, особено во однос на нејзиното однесување кон грчкото малцинство. Нека го следи примерот на Грција и конечно нека работи на консолидација на добрососедските односи во нашиот регион и секако на нејзината европска перспектива – вели портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција.

Изјавата на Гениматас доаѓа како одговор на коментарот на портпаролот на турското МНР, кој според грчката новинска агенција АНА-МПА, се однесувал на муслиманското малцинство во областа Тракија, одговарајќи на изјавата на грчкиот претседател Павлопулос од Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот