Грчките угостители вечерва на протест на плоштадот Синтагма

Рестораните и кафулињата во Грција, планирано е да се отворат на 1 јуни, но само надворешните делови.

Грчката федерација на угостителски и сродни професии, со поставување на празни столици вечерва ќе учествува во европските симболични протести под наслов „Empty chairs” , за да побара ефективни решенија за спас од кризата.

Централниот настан кој според организаторите ќе претставува „нем симболичен чин“ е закажан за 20 часот на плоштадот Синтагма во Атина.

Според најавите, претставници на Федерацијата ќе постават празни столици, без присуство на вработените и сопствениците од конкретниот сектор.

Рестораните и кафулињата во Грција, планирано е да се отворат на 1 јуни, но само надворешните делови.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера рече дека доколку епидемиолошката ситуација во земјата се движи во иста насока како и досега, тогаш е апсолутно изводливо отворањето на 1 јуни, но под веќе поставените предуслови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот