Фото: Твитер

Грчките хакери тврдат дека нападнале редица македонски банки

Хакерите од групата која себеси се нарекува „Моќна грчка армија“ вечерва на Твитер се пофалија дека извршиле напади врз повеќе македонски банки.

Според хакерите, нивна цел биле веб-страниците на Комерцијална, ТТК Банка, Централна кооперативна банка, УНИ Банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе и други.

И покрај тврдењата на грчките хакери, веб-страниците на македонските банки вечерва беа функционални.

Пред десетина дена хакерите се пофалија дека ги хакирале и сајтовите на Народната банка, Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана. Во меѓувреме тие се заканија и дека „ќе ја збришат Македонија од интернет просторот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот