Грчки антифашисти: Антифашистичката борба се води на улица

Европскиот парламент сѐ уште го нема одземено пратеничкиот имунитет на Јоанис Лагос, еден од основачите на Златна зора, која грчкиот суд ја прогласи за криминална организација и го забрани нејзиното дејствување

Минатата недела, грчките антифашисти протестираа пред Европскиот парламент. Групата грчки антифашистички активисти, кои живеат и работат во Брисел, се собраа пред Европскиот парламент за време на сослушувањето на европратеникот Јоанис Лагос, еден од основачите на забранетата Златна зора, за еден од двата случаи за кои се бара укинување на неговиот европратенички имунитет.

Сличен протест се одржа неколку часа порано во Атина, пред канцелариите на Европската Унија во главниот град на Грција.

„Со транспаренти и плакати ги ‘потсетивме’ оние со слаба меморија – внатре и надвор од зградата на Европскиот парламент – дека пет месеци по неговото осудување во Грција, Лагос продолжува да шета слободно во Брисел, лутејќи го секој демократ и антифашист во Грција, во Белгија и секаде на друго место. Само пред неколку месеци, големото антифашистичко движење во Грција извикуваше ‘нацистите во затвор’, а грчката правда се залагаше за осуда на фашистичката организација како криминална и осуда на нејзините врвни раководители на долги затворски казни“, се вели во нивното соопштение.

„Со нашето присуство денес, пред седиштето на оваа европска институција, во име на жртвите на криминалците и нивната де факто вина, истакнуваме дека откажувањето од спроведувањето на правдата ги девалвира самите институции, но и правдата. Ние не сме наивни: многу добро знаеме дека војната против фашизмот се одвива на улиците и дека победата на судовите, колку и да ни даде радост и оправдување, не значи крај на антифашистичката борба.“

„Во која земја и да избегаат, во која дупка и да се сокријат, нека знаат дека секогаш ќе нè наоѓаат пред себе! Не забораваме, не простуваме, продолжуваме да се бориме!“, заклучуваат антифашистичките активисти во своето соопштение.

 

Преземено од „Ефемерида тон синтактон“ од Атина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот