Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс” ќе продолжи со редовни летови и кон Италија

Од денеска, па сѐ до 20 март 2020, поради коронавирусот, патниците на „Ејџиан Ерлајнс” можат да го променат датумот на нивното патување без дополнителен надомест (rebooking fees) и за било која дестинација.

Компанијата „Ејџијан Ерлајнс” ќе продолжи со редовните летови кон сите дестинации, вклучувајќи ја и Италија, соопштуваат од оваа грчка авиокомпанија и паралелно им нудат на патниците без надомест да го променат нивниот авионски билет, јави дописничката на МИА од Атина.

Од денеска, па сѐ до 20 март 2020, поради коронавирусот, патниците на „Ејџиан Ерлајнс” можат да го променат датумот на нивното патување без дополнителен надомест (rebooking fees) и за било која дестинација.

„Остануваме во комуникација со надлежните служби за било каква дополнителна активност што би можело да биде неопходна“, соопштуваат од грчката авиокомпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот