Мигранти / Фото: МИА

Граѓанин на Сирија и кавадарчанец се осомничени за шверцување мигранти, меѓу кои и деца

Државјанин на Сирија и кавадарчанец се осомничени за шверцување мигранти.

Полицијата известува дека регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против 28-годишен државјанин на Сирија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ и против 37-годишен Кавадарчанец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.

„Нa 4 ноември 2025 година првопријавениот Х.А.Н. од територијата на Грција прифатил 13 мигранти од Египет, од кои шестмина се деца, по што илегално ги префрлил на територијата на Македонија од каде што требало да бидат прифатени од страна на второпријавениот Д.Ј. со патничко возило ‘шевролет каптива’,“ информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот