Граѓаните да не паничат, не може секој што ќе кивне да се тестира за ковид-19

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Неможноста да се дојде до слободен термин за тестирање за ковид-19 деновиве ги разлути граѓаните кои се жалат дека за тестирање чекаат и по десетина дена. Читателка на Слободен печат се пожали дека има симптоми на Ковид 19, но според анкетата која ѝ ја направила матичната докторка, нема право да се тестира, а друга реагираше дека тестирањето ѝ го закажале за дури една недела.

– Ги имам симптомите, покачена температура и кашлица, но матичната лекарка ми соопшти дека според алгоритамот не ми следува термин за тестирање, се пожали Ана од Скопје.

Сличен проблем има Теодора која и закажале термин за тестирање, но по една недела.

– Терминот за тестирање ми е закажан дури за една недела, се плашам дека состојбата ќе ми се влоши додека се тестирам, а потоа и додека ги добијам резултатите ќе поминат сигурно вкупно десет дена, а без тест освен на матичен, не ме примаат на ниту едно друго место, вели Теодора.

Дали проблемот со тестирањето ќе се реши прашавме во Министерството за здравство, од каде што ни рекоа дека за тестирање се чека од 1 до 8 дена.

– Термините за тестирање за наредна недела се пуштаат во петок и термините се слободни од сабота до наредниот петок, што значи дека се чека од 1 до 8 дена. Тестови има во доволен број за сите оние кои треба да се тестираат за ковид-19. Во целокупниот период од почетокот на кризата па и во моментов, епидемиолошките анкети се прават континуирано со цел прецизно следење на состојбата во Државата. Се додека се даваат точни податоци за кои повеќепати се апелираше од страна на епидемиолозите, ќе имаме и прецизна слика за состојбата со коронавирусот, велат од Министерството.

Истовремено, претседателката на здружение на матични лекари, Лидија Чолакова повикува на смиреност кај населението, и потенцира дека не може да се тестира секој што ќе кивне.

– Не треба да се блокираат болниците, не може да се се тестира секој што ќе се накашла или кивне. Да не го колабираме општеството. Пациентите не смеат да ги лажираат анкетите и на матичните лекари да им даваат погрешни изјави во врска со нивната здравствена состојба, со цел да добијат термин за тестирање. Кој е болен ќе го лекуваме, има и други болести, не е само короната, пациентите треба да имаат доверба во матичните лекари и во здравствениот систем, вели Чолакова.

Голем дел од анкетите укажуваат на тоа дека инфицираните се на возраст меѓу 20 и 39 години.

Голем дел од анкетите укажуваат на тоа дека инфицираните се на возраст меѓу 20 и 39 години, а ова ни кажува дека тоа се луѓе коишто биле таму кадешто може да се направи журка, настан, промоција, во некој локал во којшто не се почитуваат мерките. Во целокупниот период од почетокот на кризата па и во моментов, епидемиолошките анкети се прават континуирано со цел прецизно следење на состојбата во Државата. Се додека се даваат точни податоци за кои повеќепати се апелираше од страна на епидемиолозите, ќе имаме и прецизна слика за состојбата со коронавирусот, велат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот