Градоначалникот на Лондон бара мизогинијата да се прогласи за злосторство од омраза

Садик Кан/ Лондон/ Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Лондонскиот градоначалник Садик Кан го оквалификува насилството врз жените и девојчињата како епидемија.

– Меѓу минатогодишниот и годинешниот Меѓународен ден на жената, 180 жени се убиени од мажи низ нашата земја. Имаме епидемија кога станува збор за насилство врз жени и девојки, нагласи Кан.

Тој додаде дека девојчиња биле принудени да го сменат начинот на облекување на пат кон училиште поради однесувањето на момчињата кон нив.

– Мислам дека мораме да ја прогласиме мизогинија за злосторство од омраза. Сметам дека малтретирањето жени во јавност треба да биде кривично дело, додаде Кан.

Градоначалникот ги даде тие коментари по убиство на наставничка во основно училиште минатиот викенд. Во јули, британската Влада објави стратегија за борба против насилството врз жените и девојчињата, ветувајќи поголема поддршка на малцинските заедници.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот