Градилиштето во Нерези каде бесправно се градел верски објект, инспекцијата го затворила минатиот јуни

Градилиштето во Нерези / фото: архива

Градилиштето во Нерези каде бесправно се градеше верски објект, чиј инвеститор е Исламската верска заедница (ИВЗ), е затворено во јуни минатата година. Ова го тврдат од Општина Карпош, откако Левица Карпош објави дека, по утврдување на бесправноста на изградбата на џамијата во Злокуќани, жители на Нерези реагираат дека и во оваа населба се гради верски објект без дозвола.

Поради тоа, советниците на Левица поднеле барање за информации до Општина Карпош кои се однесуваат на овој случај и бараат општинските служби јавно да ги соопштат со цел да не се остави простор за шпекулации и тензии, a воедно и да излезат на терен за да ја утврдат фактичката состојба.

– Изградбата на било какви верски објекти без дозвола е спротивно на законот. Воедно, изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес – велат од Левица Карпош.

Од Општина Карпош објаснуваат дека на катастарските парцели 912/2 и 912/1 во Нерези, започната била градба на бесправен објект за што е составен Записник за извршен инспекциски надзор на 17 јуни минатата година.

– Потоа е донесено Решение за отстранување Ип1 бр. 64-184 од 21.06.2021 година како и Заклучок за дозвола на извршување Ип1 бр.64-184 од 24.06.2021 година. Од причина што и по достава на актите до ИВЗ објектот продолжил да се гради, на ден 25.06.2021 година составен е Записник од извршен вонреден инспекциски надзор ИП1 бр. 64-184 со кој се констатира дека се затвора градилиштето – велат од Општина Карпош за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот