Град Скопје решава голем проблем за граѓаните, се покрива Усјанскиот канал

Фото: Град Скопје

Усјанскиот канал се покрива, градежните работи за изградба, регулација и покривање на каналот се во тек со што се решава еден од најгорливите комунални, но и еколошки проблеми во градот, на кој со години посочуваа жителите на овој дел од Скопје.

 Со овој проект се разрешува еден од најголемите комунални и еколошки проблеми во Скопје, кој има директно влијание на жителите кои со децении потенцираат дека овој канал претставува потенцијална опасност од ширење на заразни болести. Покривањето на овој канал пред локалните жителие ветувано со години, а сега овој проект е реалност. Посветено работиме да го исполниме даденото ветување пред граѓаните, зашто уредувањето на Усјанскиот канал е еден од централните проекти од програмата „За модерно Скопје“ – истакна градоначалничката Данела Арсовска.

Градоначалничката, која денес направи увид на градеѓните работи, објасни дека проектот за регулација и покривање на Усјанскиот канал се реализира во неколку фази, а во првата фаза се гради, уредува и покрива каналот во должина од 1.300 метри. Тој ги собира атмосферските води од неколку суводолици од планината Водно, како и атмосферските води од повеќе атмосферски колектори од територијата на општините Кисела Вода и Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот