Град Скопје потпиша договор за новиот лунапарк, проектот ќе чини 10 милиони евра
Новиот забавен парк во Скопје, на местото на стариот лунапарк во Градскиот парк ќе чини 10 милиони евра. Град Скопје склучи договор за проектирање, набавка и за монтажа на реквизити за забавниот парк, објави „Сакам да кажам“ (СДК).
Препорачано
Како што е објавено на страната за Бирото за јавни набавки, договорот е склучен со фирмата „Мастеф“ од Скопје.
Новиот лунапарк ќе се простира на значително поголема површина во споредба со претходниот. Во рамките на новиот забавен комплекс е вклучен и просторот во Градскиот парк каде до неодамна се наоѓаа летните дискотеки.
Проектот предвидува поставување на 20 нови реквизити, прилагодени за различни возрасни групи.
Просторот е дизајниран да прими околу 3.000 посетители дневно. Покрај забавните реквизити, паркот ќе нуди и комплетна придружна инфраструктура, вклучувајќи угостителски објекти, фонтани, продавници за сувенири, билетара и тоалети.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
33мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


