Фото: Град Скопје

Град Скопје додели признанија за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител за 2025 година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги додели признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител во градот за 2025 година.

За најдобар пожарникар е прогласен Игор Станишев, командир на одделение во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, човек кој учествувал во гаснење на бројни пожари и интервенции за заштита и намалување на материјалните штети, а пред сè, како што вели Ѓорѓиевски, човек чија храброст и пожртвуваност резултирале со спасување на голем број човечки животи.

Признанието за најдобар полицаец му припадна на Кристијан Стефановски од ПС Карпош. Тој е предложен од СВР Скопје поради својата исклучителна посветеност, професионализам и значаен придонес во остварувањето на бројни работни активности и постигнувањето конкретни резултати во полициската работа.

За најдобар крводарител е прогласена Виолета Гиноска,  која со повеќе од 45 дарувања крв се вбројува меѓу најпосветените и најистакнати крводарители.

Од срце им благодарам на овие херои. Тие се доказ дека вистинските вредности живеат меѓу нас и дека секој чин на храброст, пожртвуваност и хуманост го прави Скопје посилно и похумано место за живеење. Нека нивниот пример биде поттик и инспирација за сите нас, да бидеме подобри луѓе и да градиме град заснован на солидарност, одговорност и меѓусебна почит – вели градоначалникот Ѓорѓиевски..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот