ГРАД ОД БАЈКИТЕ НУДИ БЕСПЛАТНИ СТАНОВИ – Тој е прекрасен, но крие МРАЧНА ТАЈНА (ФОТО-ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Живописниот град Герлиц, на истокот во Германија, е добро сочуван скапоцен камен во кој се снимале многу холивудски филмови како „Гранд Хотел Будимпешта“, „Проклетници“ и „Читачот“.

Меѓутоа, стариот град со фасади со пастелни нијанси, кој привлекува 140.000 туристи годишно, има и друга, темна страна.

Се работи за град со најниски плати во Германија и место со најголем удел на радикално десничарски гласачи. По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, источните Германци масовно пребегале на западот, па во 2013 година, бројот на жители опаднал за 25 отсто на 54.000.

Градските власти знаеле дека мораат нешто да преземат ако сакаат да го запрат тој тренд и така дошле до идеја за тие што сакаат да дојдат да имаат бесплатен престој и деловен престој за време од еден месец.

Интердисциплинарниот центар за еколошка и ревитализирачка урбана трансформација (ИЗС), кој го надгледува проектот „Тестирање на градот – престој и работа во Герлиц“, кој го финансира државата, примиле повеќе од 150 пријави, од кои две третини пристигнале од поголемите градови, а неколку и од други земји, како што се Унгарија, Чешка, САД и Велика Британија.

Фото: Профимедиа

 

54 поединци и групи, самци, парови и фамилии од 20 до 70 години, вклучувајќи и трговци, еден режисер, модели, визуелни уметници и музичари. На сите им е ставен на располагање стан и бесплатно користење на деловен простор.

Градските власти се надеваат дека некои од нив трајно ќе се преселат во Герлиц.

„Нашата цел е да дознаеме повеќе за тоа што им е потребно на луѓето, а ако решат да се преселат, што ги мотивирало за тој чекор“, рекол Роберт Книпшлид од ИЗС.

Герлиц е совршено место за тоа, бидејќи има околу 7.000 празни станови, а стапката на невработеност е за третина поголема од националниот просек, делумно бидејќи Герлиц примил 1.200 бегалци.

Анкетите покажале дека имиграцијата е најголемиот проблем за жителите на источна Германија, каде крајната десница има свои упоришта. Во Герлиц немало толку насилство на мотивирана ксенофобија како во Кемниц и Дрезден, но е познат како „омилено место“ на Алтернатива за Германија (АФД).

Сепак, во вториот круг за избор на градоначалник победил кандидатот на Христијанско-демократската унија, Октавијан Урсу.

Урсу бил имигрант од Романија, кој свирел прва труба во локалната филхармонија, пред да се сврти кон политиката. Тој вели дека сака да застане на патот на изборните непријателства и го гледа „Тестирање на градот“ како дел од проектот за оживување на градот, кој опфаќа и отворање на нов центар за анализа на податоци, со 120 научници и инженери.

„Реков на народот, размислете дали сакате да бидете отворен, европски град или затворен град“, рекол Урсу.

Големите градови имаат и свои мани: скапи станови, недоволно простор за креативци и приватници, се помалку слободен простор и густ сообраќај. Посебно младите луѓе и фамилиите патат заради овој тренд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот