Готвење за деца заедно со синот на Џејми Оливер
Познатиот готвач Џејми Оливер го вклучи во готвењето и неговиот син Бади и се надева дека неговите едноставни рецепти ќе ги поттикнат и вашите деца да се обидат во готвењето.
Уште пред десетина дена познатиот готвач Џејми Оливер се придружи на остатокот од светот кој е затворен во изолација и карантин, но тој продолжи преку Интернет да предлага едноставни рецепти кои можат да се направат брзо, користејќи намирници што веќе луѓето ги имаат дома. Сега, во неговите епизоди го вклучи и неговиот син Бади кој нуди уште полесни рецепти, адаптирани за дечиња.
Препорачано
Така, вашите деца за време на домашната изолација би можеле да бидат барем накратко ангажирани во кујната, но би можеле да ви помогнат и во приготвувањето на некој од оброците за целото семејство.
Еве за почеток што нуди Бади.
За појадок – кајгана:
За ручек – тестенини со сос болоњезе:
За вечера – палачинки:


