Нејмар/Santos FC/X

Готвачка го тужи Нејмар: Тврди дека работела по 16 часа дневно за 150 луѓе

Бразилскиот фудбалер Нејмар се најде во центарот на нова правна драма откако неговата поранешна готвачка одлучила да го тужи, објави португалскиот весник „Рекорд“.

Според нејзините тврдења, додека работела во куќата на Нејмар била изложена на исклучително тешки услови за работа. Таа наведува дека секојдневно работела и до 16 часа, од 7 часот наутро до 23 часот навечер и дека морала да подготвува храна за повеќе од 150 луѓе.

Како што тврди, работата не се состоела само од готвење. Готвачката наведува дека често морала да носи парчиња месо тешки и до 10 килограми, како и тешка кујнска опрема, што дополнително го зголемувало физичкиот напор. Исто така тврди дека работела без слободни денови и во текот на работната недела и за време на викендите.

Според нејзините зборови, ваквото темпо на работа со текот на времето довело до здравствени проблеми, особено со грбот и колковите.

Поради сето тоа, таа сега бара Нејмар да ги покрие нејзините медицински трошоци, да ѝ обезбеди парична помош за издржување и 43.000 евра отштета за неплатени прекувремени часови.

Засега бразилската ѕвезда сè уште јавно не се огласила во врска со овие обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот