Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

Готово е — Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид

Жозе Мурињо повторно ќе биде тренер на Реал Мадрид. 63-годишниот Португалец се враќат во клубот кој го водеше од 2010 до 2013 година, а веста ја потврди познатиот експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо.

Романо во својата објава на социјалните мрежи напиша дека Мурињо ќе потпише договор до 2028 година.

Тој ќе го наследи Алваро Арбелоа, кој го замени Чаби Алонсо во јануари. Реал Мадрид заврши уште една сезона без трофеј, па затоа претседателот на клубот Флорентино Перез одлучи да го врати трофејниот тренер кој ќе се обиде да ги врати трофеите на Бернабеу.

Мурињо ја освои титулата во Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија за време на неговиот прв престој во Мадрид. Тој е на клупата на Бенфика од септември и сè уште не загубил ниту еден натпревар во лигата, но не успеа да дојде до титулата.

Во својата тренерска кариера ги водеше и екипите на Порто, Челси, Манчестер јунајтед, Интер, Тотенхем и Фенербахче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот