Гостиварскиот театар со претставата „Ачик ајле“ ќе гостува на сцената на Турскиот театар во Скопје

Сцена од претставата „Ачик ајле“

На големата сцена на Турскиот театар во Скопје на 13 декември, во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Ачик ајле“ (Açık aile) на Гостиварски театар – Гостивар, која неодамна имаше премиера на матичната сцена.

Претставата е работена по делото „Отворен пар“ на италијанскиот автор Дарио Фо. Режисер на претставата е реномираниот Сулејман Рушити. Жанровски претставата е комедија и ќе биде изведена на турски јазик.

Актерската екипа ја сочинуваат Инес Радончиќ, Береда Решит, Елизабета Клиничаревска Младеновска и Исмаил Омер, а музичкиот перформанс го изведуваат музичарите Фатон Стафаи, Хабиб Несими и Марсел Ајдари. Изборот на музиката која се изведува во живо е на Теута Халими Селмани.

Постер за претставата „Ачик ајле“

Режисерот Рушити, оваа претстава паралелно ја режираше и на албански јазик, а покрај нашите актери Елизабета Клиничаревска Младеновска и Исмаил Омер, во изведбата на албански јазик играат и актерите Роми Зала и Дуела Бако од Тирана, Албанија.

Претставата на албански јазик имаше премиера на крајот од ноември во Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ во Тирана, а потоа премиерно беше изведена и на сцената на театарот „Александар Мојсиу“ во Драч, а ќе биде на постојниот репертоар и на двата театри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот