Гостиварска Апелација му го укина притворот на Кичеец, се враќа на издржување на затворската казна

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Апелациониот суд во Гостивар доцна попладнево го укина 30-дневниот притвор за Зоран Милески – Кичеец, кој му беше одреден неделава на барање на Обвинителството, поради сомнение дека ја предизвикал сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Кичево на 4 септември, во која загина едно лице.

Веднаш по одлуката на гостиварскиот суд, според Телма, решението е испратено до затворот во Шуто Оризари, каде што Кичеец ја издржуваше мерката притвор, а тој сега се враќа во затворот во Струга, каде издржува казна за случајот „Рекет“.

Кичеец повторно стана актуелен во јавноста откако беше утврдено дека учествувал во сообраќајката, во која беше и полесно повреден, а Управата за извршување на санкции откри дека тој бил пуштен на 30-дневно отсуство од затворот поради здравствени прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот