Фото: Freepik

Гостиварец лажирал документи со фирма за да протне дивоградба

Во Гостивар е поднесена кривична пријава против тројца луѓе и против една фирма, откако инвеститор изградил станбен објект спротивно на одобрението, а фирмата изготвила фиктивен завршен извештај за извршен технички прием, со невистинити податоци, за да помине градбата како законска, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пријавен е 42-годишниот А.А. од Гостивар, за кој постојат основи на сомнение дека во периодот од 2022 година до 10 февруари 2024 година, како инвеститор, изградил станбен објект спротивно на издаденото одобрение за градење.

Кривична пријава е поднесена и против едно правно лице од Гостивар за кривичното дело „фалсификување исправа“, како и против сопственикот на фирмата, 33-годишниот Б.И., кој се сомничи за „фалсификување исправа“ и за „несовесно работење во службата“.

Според полицијата, Б.И., како одговорно лице, изготвил фиктивен завршен извештај за технички прием и во него внел невистинити податоци со цел неправилната градба да помине како законски изведена.

Случајот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот