Гостивар се пожали: Општината не ни го дава стадионот

Фото: ФК Гостивар

Oд редовите на ФК Гостивар се пожалија од односот на градоначалникот Арбен Таравари истакнувајќи дека не ги исполнил ветувањата да им го даде стадионот на користење.

Во објавеното соопштение на социјалните мрежи гостиварци информираат дека во последните три години инвестирале стотици илјади евра и добиле уверување од градоначалникот Таравари дека стадионот ќе им биде даден на користење.

Сепак, досега тоа како што порачуваат се нема случено. Од клубот одржале и средба со градоначалниот, но истата не вродила со плод.

Фото: ФК Гостивар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот