Горат социјалните мрежи поради Анастасија Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша: „Будало“, „Багро“ – се најблаго упатените зборови! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Јелена Карлеуша објави подолга порака по гостувањето на Цеца Ражнатовиќ во емисијата „Хит твит“ на „Тв Пинк“, во која познатата пејачка и српскиот политичар Чеда Јовановиќ жестоко се скараа.

Како што истакнала, таа на ова чекала 17 години, а ја интересирало – зошто била уапсена. Цеца кажа дека нејзините деца поминале низ голгота, бидејќи кога биле мали, полицијата им вперила пушки на глава, а пак интервентната полиција постојано ги сопира.

 

View this post on Instagram

 

Opet negde iz prašine biću ona ista…? Tvoje ništa….??‍♀️

A post shared by ? A N A S T A S I J A ? (@raznatovicanastasija) on

Анастасија по емисијата се огласи на својот профил на Инстаграм…

– Замислите, имате четири години и четири пушки ви ги вперуваат во глава додека отварате очи наутро. Ќе ги замолам квази политичарите да не се изјаснуваат дека нивните деца патат поради некакви насловни страници, бидејќи јас како некој што имал четири години, не успеав да стигнам да видам било какви наслови, туку само четири пушки вперени во мојата слепочница и мислам дека тоа беше доволно за да бидам истраумирана – напишала Анастасија и додала:

– Мислам дека вашите деца сосема добро поминаа. А, нашите последици и голгота која ја поминавме, тоа не е важно? Тоа што не се правевме жртви и да се вадиме на големото насилство кое го доживеавме на четири и шест години, не значи дена не се случило. Тие солзи кои сега ги пуштате, ние некогаш ги пуштавме во морињата. Срам да ви е.

По гостувањето на Цеца и објавата на Анастасија, Јелена Карлеуша напиша дека застанува на страната на полицијата, а Цеца треба да им објасни на своите деца „зошто треба секогаш да молчат“.

 

View this post on Instagram

 

Quarantine glam

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

– Се додека осудени криминалци во оваа земја си даваат за право полицијата која ги апси поради кривични дела да го нарекуваат „срам и малтретирање“, оваа земја ќе биде шега. Гледам дека Цеца баш убаво ја научила својата ќерка да лаже и да зборува како полицијата и држела четири пушки вперени во глава кога имала четрии години? – Багро, полиција не нишани во деца, но за тоа тато Аркан нишанел и старо и младо – напишала Јелена.

– Како ќерка на полицаец кој ја апсеше Цеца Ражнатовиќ поради најтежок злочин, застанувам во одбрана на полицијата. Олошот постојано се буни зошто е олош – додала во написот.

По ова веднаш се огласи и Анастасија.

– А ти, будало контрадикторна не си порасната за да ја коментираш пваа тема. Секако веќе си неважна и твојот збор не е вреден ниту еден динар. Последен пат ќе ти се обратам, за да не мислиш дека си важна.

– Те молам немој да продаваш морал, не глуми и не почнувај теми за кои тебе никој не те прашува. Го гледам овој тво перформанс „Среќен роденден“ кој го сними за твојот љубовник и можам да ти кажам дека тоа е нешто најдобро што си го испеала. Ако можеш стави го на Јутјуб, ќе имаш милион прегледи за 24 часа. Ти гарантирам. Можеби ќе бидеш пред мене на трендинг.

Следеше и одговор на Јелена.

– Гледам дека ќерката на воениот злосторник повторно ми се обраќа. Еве, последен пат ќе се занимавам со неважни ликови како што е она, па да и одговорам: Убаво е што јавно признаваш дека постојано ја гледаш мојата пи***, јасно е дека и мојата пи*** пее подобро од тебе, да е поубава и дека има повеќе харизма и талент. За трендингот на кој на Балканот сум неприкосновена, бидејќи сум број 1 со недели. Ти не си ниту во рангот со јутјуберите – и врати Јелена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот