фото: РК Бутел Скопје

Горан Кузманоски ќе биде тренер на РК Бутел Скопје до 2027 година

Тренерот Горан Кузманоски ја продолжи верноста кон ракометниот клуб Бутел Скопје за уште две сезони и ќе биде на клупата најмалку до 2027 година.

Кузманоски ја одработува втората сезона на кормилото на Бутел Скопје и заедно со ракометарите ја остварија главната цел – пласман во разигрувањето за титулата.

Успешно го спроведува концептот со млади домашни ракометари, надополнети со некој поискусен и со еден до двајца странци на дефицитарните позиции.

– Ќе се потпираме пред сѐ на македонски ракометари, особено на млади играчи кои се иднината на нашиот клуб и на македонскиот ракомет воопшто. Ќе се засилиме со најмногу двајца странски играчи, но само на позиции каде што моментално немаме соодветни домашни решенија.

Нашите младински категории веќе подолго време покажуваат сериозен квалитет – бевме кадетски шампиони, а сега младинците завршија на високо трето место. Тоа е доказ дека системски се работи и дека талентот е тука. Нашата амбиција останува иста – и во следните две сезони сакаме да бидеме дел од плеј-офот и да продолжиме со развој на еден стабилен и конкурентен тим – изјави Кузманоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот