Горан Кузманоски е нов тренер на РК Бутел Скопје

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Кузманоски официјално е новиот тренер на ракометниот клуб Бутел Скопје со кој потпиша договор на две сезони.
Како професионален ракометар настапуваше во Македонија, Италија, Шпанија, Шведска, Португалија и Романија.
Тренерската кариера започна да ја гради во Романија, а во Македонија ги водеше екипите на Прилеп и Скопје.
– Бутел е екипа која низ годините презентираше добри резултати во Суперлигата и настапи во европските купови. Покрај заминувањето на неколку искусни играчи и играчи кои имаа продонес во екипата, клубот одлучи да се помлади и со нова енергија да влезе во борба за плеј-оф. Амбициите, добрите школи во младите категории ме натераа да се решам да потпишам договор. Целта е пласман во плеј-оф, иако ќе имаме доста подмладена екипа со просек од 23 години. Ме радува и фактот што има младински репрезентативци, што чекор по чекор ќе бидат носители во првиот тим – вели Кузманоски.
Откако ќе биде комплетиран играчкиот ростер, клубот ќе го објави планот на подготовки пред стартот на новата сезона.