Голманот кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите избран за најдобар на Суперглоуб

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот голман на Вардар кој со црвено-црните ја освои Лигата на шампионите, Дејан Милосављев е прогласен за најдобар голман на ракометното клупско Светско првенство кое го носи името Суперглоуб.

Милосављев го водеше тимот на Фуксе Берлин до финалето каде што беа поразени од шампионот Магдебург по продолженија со 34:32.

Покрај Милосављев во тимот на Фуксе Берлин настапува и Михајло Марсениќ кој освен во Вардар играше и во Металург.

Фуксе Берлин во овој момент е лидер во Бундеслигата, а добрата форма на Милосављев е добра вест за селекторот на Србија Тони Жирона кој ќе ја води оваа селекција на Европското првенство во јануари. Собирот на најдобрите репрезентации во Европа е исто така во Германија.

Милосављев во Вардар ќе потсетиме дојде до српски Партизан и иако од него немаше преголеми очекувања сепак прерасна во фантастичен голман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот