Golf кој може да биде побрз од Porsche, но тоа чини! (ВИДЕО)

Aктуелната генерација на „Volkswagen Golf R“ тешко може да се справи со помладите ривали, но тјунерските работилници успеваат да го одржат конкурентен.

Последната во низа е „HGP-Turbo“ која за 14.500 eвра може да го модифицира моторот, така што ќе го направи „Golf R“ побрз од „Porsche“.

Седмата генерација на „Golf R“ со 2,0-литарски „TSI“ турбо-бензинец развива 310 KS, што е во моментов далеку од конкуренцијата.

Меѓутоа, модификацијата на „HGP-Turbo“ располага со импресивни 480 KS при 6.300 вртежи и 615 Nm при 4.500 o/min.

Тоа е 170 KS и 215 Nm повеќе и тоа му овозможува на моделот да забрза од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди, односно до 200 km/h за 10,8 секунди.

Максималната брзина на вака модифицираниот „Golf R“ е 270 km/h.

Оваа преработка на моторот чини 9.900 eвра, со дополнителни 1.700 зa монтажа. Исто така, тјунерите го прилагодуваат и менувачот, мануелниот за 1.800 евра, додека седумбрзинскиот „DSG“ за 2.900 евра.

Почетната цена на „Golf R“ во Германија изнесува 45.000 евра, па на кого му се исплати нека си земе една ваква верзија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот