Големо признание за „вечниот” Луис Скола

fiba.basketball

Ветеранот Луис Скола стана спортист на Аргентина за 2019 година. 39-годишното тешко крило освои сребрен медал со репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во кошарка во Кина во септември.

Скола беше избран за победник на анкетата како капитен, лидер и симбол на репрезентацијата на Аргентина во кошарка, која ги реши Србија и Франција на патот до финалето, каде што отстапи пред Шпанија.

Марсело Миланесио (1993) и Емануел Џинобили (2003, 2004 година – споделена со фудбалерот Карлос Тевез) се единствените кошаркари што се избрани за спортист на Аргентина на годината пред, Луис Скола.

Ветеранот Скола беше олимписки шампион со Аргентина во 2004 година, а на клупско ниво играше за неколку НБА екипи – Хјустон Рокетс, Феникс Санс, Индијана Пејсерс, Торонто Рапторс и Бруклин Нетс.

Тој во моментов ги брани боите на италијанскиот клуб Олимпија Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот