Силверстоун/EPA-EFE/PETER POWELL

Голема промена во Формула 1 веќе од оваа сезона – се воведува ВАР систем

Наскоро на патеките во Формула 1 би можела да биде воведена една голема новост. Меѓународна автомобилистичка федерација најави воведување на современ видео-систем кој треба да стави крај на долгогодишните дилеми околу почитувањето на границите на патеката.

Во изминатите сезони токму излегувањето на болидите надвор од дозволените линии беше една од најконтроверзните теми. Само во 2023 година, судиската комисија примила повеќе од илјада барања за дополнителна видео-проверка, што често предизвикуваше одложувања и незадоволство кај тимовите.

Новата технологија ќе користи вештачка интелигенција и напредна анализа на податоци за во реално време да го следи движењето на секој болид. Системот автоматски ќе сигнализира кога некој возач целосно ќе ја напушти патеката, испраќајќи директна нотификација до централната контрола и до судиите.

Од федерацијата очекуваат дека иновацијата ќе дебитира уште на отворањето на сезоната на трката за Големата награда на Австралија на 8 март со што новата сезона би започнала со појасни и побрзи одлуки на патеката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот