Голема победа за демократите во Њујорк

Том Суоци / Фото EPA-EFE/Peter Foley

Кандидатот на Демократската партија на Џо Бајден победи на изборите во Њујорк синоќа и доби место во Претставничкиот дом, каде што ќе го замени републиканецот исфрлен од Конгресот поради низа лаги и обвинувања за корупција.

Со победата на Том Суоци над републиканецот Мази Пилип, според проекциите на Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си, демократите го намалија многу тенкото републиканско мнозинство во Претставничкиот дом, каде досега 219 места имаа републиканците, а 212 демократите.

Том Суоци, кој претходно беше претставник од 2016 до 2022 година, ќе го замени републиканецот Џорџ Сантос до следните избори во ноември. Искусниот 61-годишен политичар рече дека е среќен што „победил“ и покрај кампањата со „злобни удари“ и „лаги“, особено за миграциската криза што го дестабилизира Њујорк повеќе од две години, пренесува Би-Би-Си.

Повторувајќи ги темите од претстојната претседателска кампања меѓу Џо Бајден и Доналд Трамп, Суоци и Пилип разговараа за прашањата на имиграцијата и абортусот.

Суоци ќе го замени Сантос во Конгресот, кој во декември беше избркан од конгресните клупи поради обвинувања за корупција и злоупотреба на пари од кампањата. За неговото исклучување гласаа околу стотина републиканци и 200 демократи.

Џорџ Сантос / Фото EPA-EFE/WILL OLIVER

Сантос претходно беше обвинет за проневера на средства за кампањата, лажење на Конгресот за изворите на неговите приходи и мамење за да добие незаслужени бенефиции за невработеност.

Во обвинението се наведува дека Сантос ги охрабрил своите гласачи да му донираат пари, уверувајќи ги дека парите ќе бидат искористени за поддршка на неговата кампања. Наместо тоа, велат обвинителите, тој ги потрошил на себе – купувајќи скапа облека и отплаќајќи кредитни картички и рати за заем за автомобил.

Сантос, исто така, е обвинет дека лажел за неговите финансии на официјалните документи на Конгресот и дека аплицирал за бенефиции за невработеност (кои ги добивал) додека бил регионален директор на инвестициска компанија која државата ја затворила во 2021 година.

Џорџ Сантос (34), кој ги зголеми финансиските приходи и ја разубави својата биографија, призна дека сочинувал добар дел од неговата биографија.

Конгресменот, кој се опиша себеси како „остварувач на американскиот сон“, исто така беше обвинет дека лаже за својата религиозна припадност, тврдејќи дека е „горд на своето еврејско потекло“ иако пораснал во католичко семејство. Против него се водат неколку истраги, во Конгресот, во Њујорк, па дури и во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот