Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

Од општината велат дека веднаш откако завчера биле алармирани за тоа ги презеле потребните чекори.

На брегот на Дебарско Езеро, на делот кај месноста „Венец” излеана е поголема количина мазут. На оваа, како што ја оценуваат кафастрофа, најпрво алармираа спортските риболовци, кои секојдневно се на брегот на езерото.

-Траги од мазут има уште од под мостот кој е на самиот излез од градот на патот Дебар – Маврово и таа стигнува се до езерото. Катастрофа. Само што пополека почна да се збогатува рибниот фонд, кого го сотреа рибокрадци и поранешни концесионери, еве сега и ова, револтирано додаваат рибарите.

Од општината велат дека веднаш откако завчера биле алармирани за тоа ги презеле потребните чекори.

-Точно е дека има излевање на мазут на еден дел од езерото. Пријавивме во Одделенето за внатрешни работи, по што нивни и претставници од општината изврија увид. Ќе бидат повикани и стручни лица од ова област кои треба да ја утврдат причната, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

И од полицијата потврдуваат дека е завршен увид и оти се работи на утврдување на причините, по што „ќе биде поднесена соодветна пријава”.

Од концесионерот на езерото, Спортското риболовно друштво „Трофта” не сакаа да ја коментираат, велат дека чекаат одговор од надлежните.

Засега нема информации за угината риба, бидејќи, како што велат поради ниските температури рибата вообичаено се засолнува на поголема длабочина, штета врз флората и фауната секако ќе има. Угинати се само неколку езерски патки. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот