Голем планетарен собир во знакот Риби: Особено поволен период за некои хороскопски знаци

ренесанса
Фото: Unsplash / Lukas Meier

Оваа година Венера влегува во Риби во вторник на 5 април и ќе остане во овој хороскопски знак до 2 мај. Планетата на љубовта, убавината и сензуалните задоволства ќе донесе убаво расположение.

Престојот на Венера во знакот Риби на многумина од вас ќе влее желба за припаѓаање и наоѓање сродна душа. Ќе бидете почувствителни од вообичаено и посклони да ги идеализирате луѓето, местата и ситуациите.

Астро календар за април: Ваквото спојување на планетите се случува еднаш во животен век

Ќе сакате да им помогнете на оние кои чувствувате дека имаат потреба од вас, па ќе понудите донации или волонтерски услуги на некоја хуманитарна организација. Сепак, внимавајте некоја неискрена личност да не ве однесе на тенок мраз откако ќе извлече некои корисни работи од вас.

Следните четири недели ќе бидат обележани со масовни вљубувања, романтични гестови и грандиозни заклетви за вечна љубов. Бидејќи комбинацијата на Венера и Риби носи склоност работите да се гледаат низ розови очила, не се исклучува можноста за разочарувања.

Хороскопските знаци попрво би умреле, отколку да ги признаат овие работи

Зголемена е можноста за започнување тајни врски или обнова на врска со поранешен партнер. При одлучувањето, срцето и интуицијата ќе имаат предност, додека разумот и логиката ќе паднат во втор план. По 15 април, Марс се придружува на Венера во Риби и на претходно присутните Јупитер и Нептун.

Големиот планетарен собир во знакот Риби ќе биде особено поволен за водните знаци – Риби, Рак и Скорпија – кои ги очекува љубовна преродба и креативна инспирација. Слободните ќе бидат погодени од стрелата на Купидон, додека оние во долги врски ќе се чувствуваат многу повеќе поврзани со своите партнери.

Месечен хороскоп за април: Енергија што се појавува еднаш во животен век

На Бикот и Јарецот планетите им најавуваат поволни околности и нови можности за флерт, додека Близнаците, Девицата и Стрелецот треба да бидат повнимателни во меѓучовечките односи и да внимаваат да не подлегнат на нечии слатки ветувања.

Самиот крај на месецот ќе биде магичен, особено за Рибите, но и за Ракот и Скорпијата. Бидејќи Венера ќе биде во прегратките на Јупитер и Нептун, овој период ќе биде создаден за заљубување и нови интимни почетоци, како и за уметничко изразување и креативност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот