Фото: „Охрид1“ (Ohrid1.mk)

Голем одрон на патот Охрид-Ресен, сообраќајот е прекинат

Интензивните поројни дождови кои во последните часови паѓаат во Охридско и Преспа, предизвикаа голем одрон на камења и земја на магистралниот пат Охрид-Ресен, со што сообраќајот целосно е блокиран, јавува „Охрид1“.

Според првичните информации, голема карпа паднала на коловозот кај селото Косел, поради што патот е непрооден и опасен за движење.

На терен се екипи на ЈПДП и полицијата, кои работат на расчистување на одронот и обезбедување на местото. Надлежните апелираат возачите да ги избегнуваат оваа делница и да користат алтернативни правци додека трае интервенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот