Голем месечен хороскоп за јули: Одличен период за Раковите, Овните ќе мора да внимаваат на финансиите

img alt
Што ни предвидуваат ѕвездите овој месец? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

На почетокот на месец јули, и Сонцето и Месечината се во знакот Рак, ретроградниот Плутон е во Јарец и ретроградниот Сатурн е во Водолија. Ретрограден Нептун е во знакот Риби, а Јупитер и Марс се знакот Овен. Уран е во Бик, а Венера и Меркур се во Близнаци.

На 5 јули, Марс преминува во Бик. Планетата на енергијата, волјата и насоката во следниот месец и половина ќе покаже дека најмногу акции ќе вложиме во деловно – финансискиот сегмент. Борбата за финансиска стабилност нема да биде лесна, бидејќи Марс ќе биде во конјукција со Уран, а по знакот во квадратен аспект со ретрограден Сатурн. Нè очекува период полн со тешкотии, пресврти, време на стагнација, време на турбулентни и непријатни промени. Истиот ден Меркур преминува во знакот Рак. Нашите мисли и постапки ќе бидат насочени кон сегментот на семејството, домот, членовите на семејството, но и кон чувствата.

На 13 јули нè очекува полна месечина во знакот Јарец. Како и секогаш, полната Месечина ќе нагласи еден вид конфликт помеѓу рационалното и емотивното. На 18 јули Венера преминува во знакот Рак, знак кој владее со емоциите, семејството, минатото, чувството на сигурност и стабилност.

Јули на прв поглед не изгледа како премногу комплициран месец. Но, иако овој период носи нови и стари шанси за љубов и работа и го носи тој прекрасен летен топол здив на животна радост – сепак на крајот од месецот ќе има многу нервоза, тежина и притисок, како и голема одговорност која секој ќе треба да си ја покаже на себеси, но и на оние кои му се блиски и кои ги сака.

Овен

Иако јули ќе биде прилично потивок од претходниот месец, на некои работи ќе треба да обрнете посебно внимание – особено на финансиите. Има индикации дека влегувате во помирен период, но многу внимателно менаџирајте со парите и држете се настрана од големи инвестиции, особено ако се поврзани со приватен бизнис или домување – бидејќи ќе потрошите многу повеќе од планираното. Во средината на месецот можна е голема промена која некои од вас ја чекаат долго време – нова работа, унапредување или важен проект. На љубовно поле ве очекува подобрена комуникација, меѓусебна поддршка, но и развој на блискост и потреба да се направи позитивна промена – сето тоа треба да ви биде во фокус. Некои парови ќе го кажат судбоносното „да“ овој месец, некои ќе решат да започнат заеднички живот или да го уредат просторот во кој ќе живеат. Брачните двојки ќе се занимаваат со семејниот сегмент, финансиите и децата. Доколку сè уште не сте биле на одмор – вториот дел од месецот е поволен за да се опуштите и да избегате од градскиот метеж. Понекогаш сè што е поврзано со работа и пари може да ве направи нервозни – погрижете се односот со вашата сакана да не трпи. Слободните Овни во текот на јули може да ја обноват комуникацијата или дури и врската со некој поранешен партнер. Ќе има нови љубовни можности, но сето тоа многу личи на површни приказни или лесни летни авантури.

Бик

Ве очекува пристоен деловен месец. Ќе го чувствувате влијанието на Сатурн на полето на кариерата и ќе ви донесе малку бавност и ограничувања, но во текот на месецот ќе имате шанса да направите промени. Ќе имате многу добри разговори, некои од вас и деловни понуди (и од стари и од нови луѓе во деловната сфера), а можно е и во текот на овој месец да најдете хонорарен или дополнителен извор на приходи. Што се однесува до финансиите – доаѓа олеснување, но не се опуштајте премногу бидејќи крајот на месецот може да донесе низа трошоци. Ова може да биде интересен месец за оние кои се сингл. Биковите имаат и нови и стари љубовни можности, развитокот на настаните ќе зависи од вашите желби. „Сентиментално патување“ во минатото ќе биде поизразено во првиот дел од јули – потоа, би можеле да го обновите контактот со бившите или буквално да налетате на улица, во кафуле или на прошетка. Вториот дел од месецот ќе биде поактивен за запознавање нови луѓе и нови емотивни интереси, особено во последните десет дена од јули. Оние кои се во врска или брак – по падот што ви го донесе претходниот период – односот меѓу вас и вашиот партнер ќе биде поедноставен и полесен. Ќе имате можности за подобра комуникација, повеќе излегувања, па дури и заедничко одење на некое патување.

Близнаци

Првата половина од месецот е одлична за одење на одмор и бегство од работата. Доколку сепак го работите месец јули ве очекуваат прилично едноставни и прилично мирни денови, а уште повеќе – можете да имате време да развиете некои од вашите идеи и проекти, што ќе се покаже како вистински потег. Вториот дел од јули носи поголем фокус на деловниот и финансискиот сегмент. При крајот на јули ве очекува потурбулентна деловна атмосфера, многу комуникација и средби со клиенти, колеги, претпоставени. Венера во вашиот знак ќе ви помогне да исплива на површина вашата харизма, позитивност и весел дух и шарм со кој ќе ги заинтригирате оние со кои стапувате во контакт. Ве очекуваат многу убави познанства, средбни и комуникација – токму она што ви е потребно овој месец. Ќе има флертувања и авантури. Некои Близнаци ги очекува „враќање во минатото“, можеби само преку контакт, а можеби и преку обновени врски, а ќе има и такви кои ќе мислат дека конечно го нашле тоа што го барале – стабилна личност и можност за нешто што ќе трае. Доколку сте во врска или брак – не влегувајте во јули со лоша енергија. И покрај повремените пречки и можности за помали препреки, особено во текот на вториот дел од месецот – ова сепак ќе биде солиден емотивен период за вас. Некои од вас може да флертуваат со некоја личност поврзана со работа, но не се опуштајте премногу бидејќи на крајот на месецот може да имате проблеми со партнерот.

Рак

Јупитер во полето на кариерата ќе ве разбуди и раздвижи, што особено ќе стане видливо на крајот од првата недела од месецот. Ве очекува период исполнет со бројни контакти со колеги, договори, документи, можни се и неколку кратки службени патувања. Ве очекува нова значајна соработка, почеток на деловен проект или вработување. Иако финансиите ви се нешто постабилни, крајот на јули ќе ви донесе поголеми трошоци и поголеми парични одливи. Без разлика дали сте слободни или зафатени, до средината на месецот може да имате зголемена комуникација, па дури и тајни средби со луѓе кои претходно биле во вашиот живот. Ако сте слободни, тоа не може да ви донесе големи проблеми, но ако сте зафатени – потенцијалните проблеми може да започнат веќе на крајот на месецот и да продолжат во август. Освен минатото, Венера влегува во Рак на 18 јули, слободните Ракови ќе цветаат и ќе блеснат – што дефинитивно ќе привлече повеќе погледи, но и ќе ја разбуди вашата потреба за љубов. Последниот период од месецот ќе биде многу интересен – преку дружење, пријатели, социјални мрежи и излегувања – ви се смешка убаво познанство и потенцијална нова љубов. Доколку сте во брак или врска во текот на јули периоднично ќе се соочувате со помали проблеми во односот со саканата личност, но и брзо ќе решите сè. Ви треба повеќе одмор и релаксација.

Лав

Кога ќе завршите со вашиот годишен одмор, ќе треба да вложите многу сила и енергија во на професионалното поле. И самите сте свесни дека некои работи не функционираат баш најдобро и време е да се потрудите што побрзо да ги регулирате и исправите. Последните денови од месецот можат да донесат одредено незадоволство и проблеми поврзани со работата, соработниците, но и одредена недоследност со вашите претпоставени. Некои од вас може да се решат да преземат драстични чекори во овој период. Летото е секогаш примамлив период за Лавовите, па овој јули нема да биде поинаков. Без разлика дали сте зафатени или слободни, во овој период многу често ќе бидете излезени и активни – било да излегувате и да се дружите со пријателите во природа или да одите на патувања. Едноставно, ништо нема да ве држи во место. Односот со саканата личност може да биде доста добар и енергичен, само треба да избегнувате потенцијално тајно флертување. Некои од вас во еден момент ќе водат војна самите со себе. Ако сте слободни, ќе стапите во контакт со стари пријатели, можеби дури и со поранешни љубови. Имате потенцијал за нови емотивни настани овој период. Важно е дека ќе ви биде интересно.

Девица

Ве очекува погодна деловна атмосфера. Во претходниот период создадовте добра деловна основа, решивте многу работи или дури започнавте и нови проекти и работни места – сега ви останува сето тоа да го одработите и да се справувате со обврските. На крајот на месецот може да има мали потешкотии во деловниот сектор – недоразбирања со колегите или проблеми со документација. Не дозволувајте другите да ве испровоцираат и да ви го расипат концептот и организацијата. Ви се чини дека не може да има некои поголеми проблеми во вашите емотивни односи во текот на јули, но, поради некоја причина, ќе бидете склони кон сомнежи и љубомора – можеби затоа што вашиот партнер ќе биде во „неговиот елемент“, исклучително весел и активен, а вие будно ќе внимавате на сè што се случува околу него. Немате причини за сомнеж и несигурност, па најдобро да се воздржите од неконтролирани прашања. Фокусирајте се повеќе на заедничките моменти и уживањето – затоа што во текот на јули ќе имате многу причини за тоа. Доколку сте слободни, пред вас е многу интересен месец. Ќе бидете расположени за дружење, патувања, остварување бројни контакти – цел јули ќе „работи“ во ваша корист и ќе ви донесе интересни луѓе во животот.

Вага

Во првата половина на јуни ве очекуваат помалку комплицирани деловни настани, вие ќе успеете да завршите сè без многу проблеми. Вториот дел од месецот, сепак, ви носи згуснување на ситуациите и ќе морате целосно да го насочите вниманието кон овој сегмент. Во тој период од вас ќе се очекува многу – соработниците и претпоставените ќе ја стават вашата работа во центарот на вниманието и ќе ви претстојат денови кога ќе треба да се докажете и да работите работи што можеби не се ваши обврски. Но, ако е некаква утеха – вашите финансии ќе почнат да растат. Првата половина од месецот е прекрасно време за одмор, без разлика дали сте сами или зафатени. Меѓутоа, ако сте зафатени – овој период ќе ви донесе убава енергија, многу убави заеднички активности и можности за повеќе уживање со вашиот партнер. Ќе ви се подобри комуникацијата и ќе се трудите да се прилагодите еден на друг, но и да си угодувате со мали знаци на внимание. Ќе имате моменти на зголемена енергија и можности за дискусии. Сепак, не е лош период пред вас. Ако сте слободни, ќе имате повеќе примамливи опции. Некои од вас ќе ја прифатат моменталната ситуација, ќе се свртат кон себе, пријателите или работата. Останатите Ваги ќе имаат можност да контактираат со поранешните партнери, па дури и можност да ја обноват врската.

Скорпија

На почетокот на месецот сите мисли ќе ви бидат насочени само кон работата и парите – а судејќи по сè, и обврските и финансиите ќе бидат доста суштински. По тој период влегувате во нешто помирни денови – деловната организација ќе функционира подобро, а ќе почнат да се отвораат можности и за нови соработки кои ќе ви бидат доста профитабилни. Ќе имате зголемени контакти со странство, но и нервоза која полека ќе почнува да се засилува. На 5 јули, кога вашата планета Марс ќе влезе во полето на љубовта, емотивните врски ќе дојдат до израз. Без разлика што врската со саканата личност може да биде тивка и мирна во овој период, чувствувате дека сето тоа може да биде само големо затишје пред бура. Сè што е потребно сега е да ги решите сите несогласувања, доколку ги имало, и да ги решите сите прашања кои ве оптоварувале. Промената на емотивно поле не мора да биде само негативна, не – ова е периодот во кој некои парови ќе одлучат вистински да ја подигнат својата врска на повисоко ниво. Слободните Скорпии ќе имаат многу интензивни дружби во средината и крајот на месецот. Ќе имате можност за обновување контакти со стари симпатии и поранешни љубови, но ќе запознаете и нови луѓе.

Стрелец

Некој финансиски проблем или поголем трошок може да ве вознемири на почетокот на месецот. Но, ова треба успешно да се реши многу брзо. Генерално, вашите финансии може да доживеат неколку „удари“ во текот на јули – обидете се да ги контролирате трошоците што е можно повеќе. Сепак, не ве очекува лош период на деловен план. Ќе имате можност за склучување добри зделки и соработка. Ве очекуваат некои промени во работната средина на крајот на месецот. Слободните Стрелци ќе бидат впуштени во „акција“, така ќе остане и до крајот на годината, со мали повремени осцилации. Ова е одлично време за излегување, дружење, патувања, за нови луѓе но и за стари. Ќе имате можност да се вратите на „старите патеки“ но и да започнете нова приказна која може да потрае. Додуша, некои од вас веројатно ќе функционираат паралелно на неколку страни. Доколку сте во брак или врска ве очекува прилично добар период. Потребно ви е да одите некаде заедно, а ако сте го оставиле патувањето за следниот месец – тогаш барем во овој, бидете што почесто заедно, излегувајте, дружете се со пријатели. Примеси на лоша енергија може да се појават кон крајот на месецот, можни се проблеми со заедничките финансии и планови, но може да се појават и сомнежи и љубомора.

Јарец

Состојбата во деловното опкружување и со колегите ќе биде коректна во првата половина на месецот. Додуша, некои од вас веќе на почетокот на јули ќе заминат на одмор бидејќи дефинитивно ви е потребно повеќе од кога било. Оние кои ќе останат на работа ќе имаат мирен деловен период. Вториот дел од јули ќе се појават првите разбранувања на професионален план – ќе имате квалитетни можности, соработки и договори – но и напнатост во односите со вашите колеги или претпоставени. Во текот на јули и партнерот и вие ќе бидете пречувствителни, навредливи и склони кон промени во расположението, што особено може да се истакне на почетокот на месецот. Додуша, не е само вашата врска – околу вас ќе има многу турбулентни ситуации кои можат да бидат поврзани со семејството или деловниот сегмент на двајцата – што секако ќе донесе напнатост. Иако овој период нема да биде идеален – многу е можно да се прилагодите еден на друг и да најдете начин да го направите секојдневното функционирање мирно и без многу стрес. Она што дефинитивно е на ваша страна е страста која ќе биде посилна од вообичаеното, особено кога ќе бидете заедно на пат, одморајќи се и уживајќи. Доколку сте слободни во текот на јули ќе бидете во јаз меѓу минатото кое веќе подолго време ги окупира вашите мисли и иднината која доаѓа. Ќе се појават нови луѓе, но засега минатото се покажува како неспоредливо посилно.

Водолија

Доколку не сте во можност да одите на подолг годишен одмор, обидете се барем за викенд да избегате од сè и да се ресетирате, бидејќи и во текот на јули деловните обврски ќе ви „висат“ на глава. Можно е дури во некои моменти да имате голем проблем да се организирате и да не сте во чекор со обврските. Поинтензивно ќе размислувате за подобрување на финансиската состојба. Крајот на месецот ќе ви донесе зголемена напнатост поради работата. Партнерствата би требало да функционираат прилично добро до последната недела од јули. Токму поради оваа причина – искористете го овој период за да ги разјасните сите нејаснотии меѓу вас и вашиот партнер, но и повеќе да се зближите и да уживате заедно. И сигурно ќе имате можност за тоа. Овој месец ви нуди да поминете повеќе време со партнерот во забавни активности, дружења и патувања. Иако сте прилично фокусирани на деловните и семејните обврски – обидете се да најдете време и за саканата личност. Таа последна недела од јули може да донесе непријатни разговори и ситуации кои не мора да бидат строго поврзани со вашата врска, туку со другите луѓе околу вас – пред се членовите на семејството. Доколку сте слободни вас ова ќе биде месец за релаксација. Многумина од вас ќе се фокусираат на дружење и патувања, но тоа не значи дека ќе останат без љубовни можности. Бидејќи Сатурн веќе некое време се движи ретроградно низ вашиот знак, минатото и љубовните можности кои сте ги „пропуштиле“, но и некои нови познанства ќе бидат на прво место. Сега е вашето време, уживајте!

Риби

Првиот дел од месецот е поволен доколку имате приватен бизнис, додека оние Риби кои работат за некој друг секојдневното функционирање ќе биде мирно и без поголеми промени. Вториот дел од месецот ќе ви биде значително поактивен, нивото на обврските многу повеќе ќе се зголеми, но ќе успеете добро да се организирате и да се справите со сите случувања. Единствениот навистина неповолен период е можеби крајот на месецот кога ќе биде поизразена тензијата меѓу вас и некој колега. Семејните и брачните односи ќе функционираат подобро од вообичаено. Што се однесува до долготрајните врски, некои од вас може веќе посериозно да размислуваат за заеднички живот, брак и формирање семејство. Дали тоа значи дека јули е премногу добар за вас? Па, не. Имате многу нерешени ситуации во партнерските односи, многу теми кои се туркаат под тепих и за кои не се зборува доволно. Токму поради оваа причина, можни се повремени осцилации во односите. Не изгледа како нешто страшно – но ќе бидете вознемирени и ќе се чувствувате ранливи. Слободни – ова е добар период за патување, но добар е и за љубовни настани. Во текот на овој месец може да се појави личност која навистина би го привлекла вашето внимание и со која полека би можеле да изградите здрава релација, а подоцна во јули и врска. Можно е да влезете во нова емотивна приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот