Голем концерт во Битола со Психомодо Поп, Ласт Експедишн и Дивље Свиње - Слободен печат
ВестиКултура

Голем концерт во Битола со Психомодо Поп, Ласт Експедишн и Дивље Свиње

Концертот ќе се оддржи како дел од фестивалот „Битола отворен град“ на 30-ти јуни, недела во 21 часот

Психомодо Поп, бендот кој скоро четири децении е незаобиколен музички арбитер на овие простори на 30-ти јуни за прв пат ќе настапи во Битола.

Концертот ќе се оддржи како дел од фестивалот „Битола отворен град“ на 30-ти јуни, недела во 21 часот со настап на групите Психомодо Поп, Ласт Експедишн и Дивље Свиње.

Во 1983 година, бендот ја започна својата музичка историја. Бенд кој се напојувал на музиката на Ramones & Sex Pistols, вежбале по загребските гаражи, снимиле 15 албуми, со појава и сценски настап кој се памети и сеуште не ги напушта тој луд жар за настапи во живо пред стара, но и нова публика.
Фронтмен им е харизматичниот Давор Гобац, а нивните хитови “Ја волим само себе”, “Секси магазин”, “Фрида”, “Рамона”, “Кад сам имао 16” ги пеат различни генерации веќе 35 години.

Ласт Експедишн е една од најзначајните групи во историјата на македонскиот рокенрол. Оваа година нивното реобединување дојде како супер освежување на сеќавањата на 90тите. Музички фејслифт направен по сите критериуми е нивниот камбек, а сепак е оној стар добар звук на експедицијата која буквално е враќање во иднината. Алтернатива на рок кој звучеше добро и тогаш, а сега ќе звучи уште пожестоко заради новите сили на бендот кои даваат спреј на новото време.

Дивље Свиње е бенд кој се формирал спонтано во 2016 година и носи еден охрабрувачки звук кој испорачува канонада од панк енергија, многу слична на онаа која е креирана од страна на првата генерација на светски панк артисти. Овој бенд на свој начин комбинира автентични панк елементи со панк рок додавка, неиспеглани гитарски баражи и препознатлива текстуална форма која е сурова критика на политичките и социјалните случувања во општеството. Нивниот албум кој носи Чомски инспириран наслов “Не гледајте телевизију” ќе го слушнете на концертната сцена во Битола преслушувајќи ги песните чии наслови се пораки за сами по себеси “Шишање”, “Канцелар”, “Бахатост”, “Јагњече бригаде”, “Правила” итн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close