Голем дел од нашите клиники обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери! (ФОТО)

Екипа македонски ентузијасти преку иницијатива за печатење медицинска опрема работат во полна пареа и вчера доставија околу 500 маски на голем дел од клиниките. Планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири во најкраток можен рок.

Опремата спремна за достава / Фото: Фејсбук

– Во текот на вчерашниот ден беа доставени околу 500 маски во следниве институции: ЈЗУ Урологија, ЈЗУ УГАК, Институт за трансфузиона медицина, ЈЗУ Гастроентерохепатологија, Клинички лаборатории, ЈЗУ Хематологија, ЈЗУ ОРЛ, ЈЗУ Кардиологија, ЈЗУ Неврологија, ЈЗУ Неврохирургија, ЈЗУ Радиологија ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Пулмологија, ТБЦ Институт, ЈЗУ Дигестивна хирургија, ЈЗУ Торакална хирургија, Општа Болница Куманово и Итна Помош Куманово. Покрај готови маски материјал за работа е испратен до сите помали производствени групи по градовите низ државата, наведуваат во соопштение носителите на иницијативата.

Медицинскиот персонал со новата заштитна опрема / Фото: Фејсбук

Додаваат дека планот за текот на утрешниот ден е да се завршат сите јавни здравствени установи во Скопје и согласно со ресурсите да продолжат и реализираат активности во што повеќе јавни здравствени установи низ цела држава.

– Во целиот процес нема да бидат изоставени и матичните лекари и колку што сме во можност ќе помогнеме и кај приватните здравствени установи. Во изминативе два дена екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема работи со полна пареа. Целата иницијатива започна со неколку 3D принтери, а моментално се работи со над 50. Со ова темпо планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири во најкраток можен рок, истакнуваат од екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема.

Гинекологија Чаир се заблагодарува на македонските ентузијасти кои самоиницијативно го почнаа изработувањето на медицинската заштита / Фото: Фејсбук

Во иницијативата се вклучија доктори, дизајнери, приватни сопственици на 3Д принтери, компании кои се занимаваат со ваква дејност, како и лица кои се пријавиле за волонтери, за што побрзо маските да се дистрибуираат до клиниките.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот