Доставени првите 300 заштитни маски за медицинските работници во ГОБ „8 Септември” (ФОТО)

Поради запазување на медицински протокол и препораките за справување со Корона вирусот, а во сорабтока со клиниките, првата количина од 315 маски беа денес доставени во ГОБ “8-ми септември” на стерилизација, а подоцна и на официјална прераспределба на местата кои се први изложени на удар од корона вирусот.

Повеќе од 35 приватни и комерцијални 3D принтери се ставени во функција и работат буквално 24 часа со цел да може да се произведе доволна количина на заштитни маски со визири за медицинските работници.

Поради запазување на медицински протокол и препораките за справување со Корона вирусот, а во сорабтока со клиниките, првата количина од 315 маски беа денес доставени во ГОБ “8-ми септември” на стерилизација, а подоцна и на официјална прераспределба на местата кои се први изложени на удар од корона вирусот. Покрај овaа количина на маски доставена во Скопје, помали тимови од внатрешноста на републикава, Куманово, Битола, Охрид, Прилеп веќе работат со своите домашни 3D принтери со цел да се снабдуваат и медицинските работници директно на локално ниво. Многу од членовите на инцијативата кои немаат принтери помагаат координирајќи соработка меѓу колегите и болниците, со цел да се запазат истите протоколи како и во Скопје.

По стерилизација, првата количина маски ќе бидат доставени до Инфективна клиника , Клиниката за Гинекологија и акушешрство, Ургентен центар при Клиничкиот центар “Мајка Тереза”, Универзитетската Клиника по Хирушки Болести “Св. Наум Охридски”, Детската Болница “Козле” и Градската Општа Болница “8-ми септември”. Со организиран превоз, маски ќе се испратат и во Дебар, Куманово, Струга и Охрид. Ако темпото на производство продолжи како денес очекуваме од утре да поченеме со дистрибуција и до останатите клиники.

Голема благодарност на сите членови на заедницата кои постојано работат за да може да се нарави доволна количина на маски, а уште поголема благодарност до сите донори со чија помош се покриваат материјалите за овие маски да станат достапни на медицинските лица, односно на клиниките. Истите не се за продажба. Оваа иницијатива е од граѓаните за граѓаните и не е со цел остварување на профит. Моделот по кој работиме, како и повеќето модели кои можат да се најдат на интернет и веќе кружат по социјалните мрежи подлежат на non-commercial лицанца, што и ја прави нивната продажба противзаконска. Ќе додадеме и некои технички детали за овие маски. Држачите кои што имаат контакт со челото можат да се стерилизираат во водорор пероксид плазма на 50Cо, додека провидниот материјал може да се исчисти со потопувње во чист етанол или соодветен дезинфициенс – изјави Доц. Д-р Ристе Попески-Димовски од Институт за Физика при Природно-математички Факултет.

И покрај големиот ангажам водиме детална евиденција, кој што произвел и што доставил. Донациите кои ќе стигнат на сметка на АМЛС (Асоцијацијата на млади лекари и специјалисти) ќе бидат јавно достапни со цел да се знае каде и за што се потрошени средствата. Дали се набавувало материјал или некое резервно делче за принтерите. Со цел да сме отворени, ќе кажеме дека по сегашните цени на материјалот една маска има потрошен материјал од 40 денари, не рачунајќи ја тука струјата и времето која граѓаните ќе ја потрошат дома или бензинот на оние кои го собираат и дистрибуираат готовиот материјал. Тој трошок е донација од сите нас. Секако ние не можеме да спречиме доколку некој сака и реализира профит од оваа ситуација.

-Оваа инцијатива нема да застане само на овие заштитни визири. На барање на нас лекарите и на барање на болниците, 3Д дизајнери веќе работат на варијанти за елементи кои би можело да станат дефицитарни доколку продолжат забраните за извоз на медицинска опрема кои ги имаат повеќето земји– изјави Д-р Александар Каревски од Оддел за ортопедија и трауматологија при ГОБ “8-ми септември”

Можеби во поинакви услови, доктори, дизајнери, производители ретко седнуваат на една “маса” но во овој случај работиме за доброто на граѓаните. – додаде Доц. Д-р Ристе Попески – Димовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот