Ѓоковиќ на Марбеља ги има последните подготовки пред нападот на 18. грен слем титула

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Првиот тенисер на АТП ранг листата се пријави за настап на УС Опен и ќе биде огромен фаворит за триумф со оглед на тоа дека актуелниот шампион Рафаел Надал го откажа учеството.

Новак Ѓоковиќ три пати во кариерата триумфираше на УС Опен, а годинава ќе има одлична можност и по четврти пат да го крене шампионскиот пехар поради отсуството на другите двајца тенисери од големата тројка, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Федерер нема да игра до крајот на сезоната поради двете операции на коленото, додека Надал го откажа настапот на грен слем турнирот во Њујорк поради пандемијата на коронавирусот.

Ѓоковиќ кој се пријави, последните подготовки пред заминувањето за САД ги има во Марбеља, Шпанија, каде куќа и тениски терен со тврда подлога на каква ќе се игра и УС Опен.

Тој тренира заедно со 97. тенисер на АТП ранг листата, Шпанецот Алехандро Давидович Фокина. Покрај нив двајца, во Марбеља се уште и тренерот на Фокина, Хорхе Агире како и физиотерапевтот на Ѓоковиќ, Улисес Бадио.

Според шпанските медиуми, Ѓоковиќ и Фокина веќе една недела тренираат заедно и тоа со истите топчиња со кои ќе се игра на УС Опен, а во Марбеља ќе останат до 14. август кога заедно ќе отпатуваат во Њујорк, каде ќе настапат прво на Мастерсот Синсинати, а потоа и на УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот