Ѓоковиќ е тенискиот Робин Худ

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, е неверојатно активен во хуманитарните акции за време на пандемијата на коронавирусот и тоа не помине незабележано во странските медиуми.

Така најтиражниот шпански спортски весник „Марка“ објави текст посветен на српскиот тенисер под наслов „Ѓоковиќ, Робин Худ на тениските терени“.

Иако Ѓоковиќ е дел од големата тениска тројка заедно со Рожер Федерер и Рафаел Надал, тој е најмалку обожуван од страна на тениските фанови за време на натпреварите. Неговиот ривал и голем пријател, Станислас Вавринка во разговорот со Ѓоковиќ на Инстаграм таквата состојба на трибините ја опиша со зборовите „не може да имате тојва херои во еден филм“.

„Факт е дека се што светскиот број еден ќе направи надвор од тениските терени, сугерира дека тој е како Робин Худ во светскиот тенис. Четири години е на чело на АТП советот на тенисери и доби признание за својата работа од речиси сите, вклучувајќи ги и оние понискорангирани тенисери. Тие ќе добијат финансиска помош од 8.000 за време на паузата поради коронавирусот. „Новак мисли на останатите повеќе отколку што мисли за себе“, се зборовите на голем дел од тенисерите. Српскиот тенисер вети дека ќе се избори за порамноправна распределбата на паричните награди на грен слем турнирите, а додаде дека ќе плати колку што треба да се плати за да им се помогне на играчите“, пишува „Марка“.

Весникот исто така додава дека Ѓоковиќ се обидувал заедно со играчите од Советот да се избори за зголемуѕвање на процентот на заработка од турнирите, од 4.3% на 10%, кој ќе оди за награди на тенисерите.

„Ѓоковиќ беше активен за време на пандемијата на коронавирусот. Токму тој ги предупреди колегите преку заедничката група на социјалните мрежи дека треба да го напуштат САД за време на пандемијата. Оттогаш донира големи суми на пари, во некои случаи тоа беа милионски суми кои ги донираше во својата земја, на Црвениот крст на Шпанија и болницата во Бергамо. Не треба да се заборави и дека најави оти ќе игра на шест мали турнири во Србија и дека беше спонзор на тениската егзибиција на Флорида каде играа Рејли Опелка, Миомир Кецмановиќ, Хуберт Хуркач и Томи Пол“, пишува весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот