Годин распали во Италијанците: Бевме изложени со недели

twitter/Mirror Football

Уругваецот Диего Годин, ги критикуваше челниците на Фудбалската федерација на Италија бидејќи предоцна презедоа мерки за стопирање на ширењето на коронавирусот.

Дефанзивецот на Интер моментно се наоѓа во самоизолација во родниот Уругвај, за ЕСПН телевизијата зборуваше за последните натпревари во Серија А пред да се суспендира првенството.

Серија А е прекината на 9. март, а кога италијанската влада воведе вонредна состојба и забрана за движење, натпреварите се играат без присуство на публика, а меѓу нив беше и „Дерби Италија“ помеѓу Јувентус и Интер.

Годин смета дека и тој натпревар придонесе за ширење на коронавирусот, а подоцна се откри дека прво Даниеле Фугани, а потоа и Пауло Дибала биде позитивни на ковид-19.

– Бевме изложени на вирусот до последен момент. Тие одлучија натпреварите и понатаму да се играат, се додека состојбата беше неиздржлива, а здравствениот систем во Италија колабира. Со недели тренинравме и игравме без публика. Дури со позитивниот тест на Ругани беше прекината Серија А. Тогаш сфатија дека сигурно и други фудбалери се заразени, па сите не пратија во карантин – вели Годин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот